свет

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 31.923 Палестинци

- Палестинското Министерство за здравство во Газа информираше дека во израелските напади врз Појасот Газа последните 24 часа загинале 104 Палестинци, а 162 се повредени.

Halime Afra Aksoy  | 20.03.2024 - Обновена : 21.03.2024
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 31.923 Палестинци

ГАЗА (АА) – Во нападите на Израел, кој е обвинет за геноцид, врз Појасот Газа, што започнаа од 7 октомври минатата година, загинаа 31.923 Палестинци, додека 74.096 се повредени, пренесува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство во Газа даде информации за израелските напади врз Појасот Газа во текот на 166-те дена.

Наведено е дека во нападите на израелските сили врз Појасот Газа во последните 24 часа загинале 104 Палестинци, а 162 се повредени.

Бројот на загинати Палестинци од 7 октомври минатата година се зголеми на 31.923, а бројот на повредени на 74.096.

Министерството истакна дека под урнатините и покрај патиштата има уште тела, но поради попречувањето на израелските сили, медицинските тимови и припадниците на цивилната заштита не можат да стигнат до нив.

Израел, обвинет за геноцид, почна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас.

По тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Според Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.