Ahmed Asmar
02 Јануари 2024•Ажурирај: 02 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку 31 Палестинец загинаа во израелските воздушни напади во текот на ноќта врз подрачја низ Појасот Газа, додека разорните напади влегоа во 88-ми ден, јавува Анадолу.
Државната палестинска новинска агенција Вафа денес објави дека во серија израелски воздушни напади врз станбени подрачја во градот Деир ал Балах, во Централна Газа, загинале 22 палестински цивили, повеќето жени и деца.
Во друг израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа, исто така, загинаа неколку цивили.
Во израелските воздушни напади врз области во градот Кан Јунис, на југот на опколената енклава, загинаа најмалку девет Палестинци.
Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври, при што, според локалните здравствени власти, досега се загинати речиси 22.000 Палестинци, главно жени и деца, а повредени се над 57.000.
Се смета дека околу 1.200 Израелци се загинати во нападот на Хамас на 7 октомври.
Околу 1,9 милиони луѓе, или над 85 отсто од населението, се раселени низ Појасот Газа, според податоците на Агенцијата на ОН за палестински бегалци.