свет

Во израелските напади во централна Газа убиено бебе и уште четири други лица

- Министерството за здравство на Газа денес соопшти дека најмалку 56.156 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година

Elena Trenchevska Chekovikj  | 25.06.2025 - Обновена : 26.06.2025
Во израелските напади во централна Газа убиено бебе и уште четири други лица

СКОПЈЕ (AA) – Во израелски воздушен напад денес е погодена куќа во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа во којшто се убиени пет лица, меѓу кои и едно бебе, јавува Анадолу.

Телата се однесени во болницата Ал-Авда. Роднините на бебето коишто дојдоа во болницата за да го земат телото го оплакуваа, гушкајќи го малото тело завиткано во кафено ќебе.

Министерството за здравство на Газа денес соопшти дека најмалку 56.156 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година.

Во соопштението на Министерството се вели дека 79 тела се донесени во болниците во последните 24 часа, а 391 лице е повредено, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 132.239.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата, бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.

Израел ги продолжи нападите врз Појасот Газа на 18 март и оттогаш се убиени 5.833 Палестинци, а повредени 20.198, со што се наруши договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со тужба за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за својата војна во енклавата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.