свет

Во израелски напади убиени уште 22 Палестинци во Газа

- Петмина Палестинци, меѓу кои и жени и деца, се убиени во израелски напад во западниот дел на градот Газа.

Muhammed Emin Canik  | 29.04.2024 - Обновена : 29.04.2024
Во израелски напади убиени уште 22 Палестинци во Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 22 Палестинци се убиени во нападите на израелската армија во текот на ноќта врз Појасот Газа, известува Анадолу.

Петмина Палестинци, меѓу кои и жени и деца, се убиени во израелски напад во западниот дел на градот Газа, објави ВАФА, пренесува Анадолу.

Во бомбардирањето на населбата Сабра, на југот на градот Газа, убиени се две Палестинки, неколку лица се ранети, а некои останаа заробени под урнатините.

Најмалку четворица Палестинци се убиени, а голем број се ранети кога израелски воени авиони ја бомбардираа населбата Џенин во источниот дел на градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Уште пет лица се убиени во бомбардирањето на Рафа.

Појасот Газа, со популација од околу 2,3 милиони, е зафатен од голема хуманитарна катастрофа бидејќи израелската армија продолжува со нападите врз овој регион од 7 октомври 2023 година, бомбардирајќи и гранатирајќи цивилни населби, болници, училишта и засолништа на раселените Палестинци и го спречува влезот на хуманитарна помош.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 34.454 Палестинци, од кои најмалку 14.685 деца и 9.670 жени, а ранети се 77.575 лица.

Илјадници мртви сè уште се под урнатините, а се уништува и цивилната инфраструктура со бомбардирање на болници и образовни институции во кои главно се засолниле раселените Палестинци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.