свет

Газа: Во израелски напади врз бегалскиот камп Нусејрат загинаа 8 Палестинци

Во воздушните напади таргетирани се станбени куќа во бегалскиот камп

Mohamed Majed, Gülşen Topçu  | 27.04.2024 - Обновена : 29.04.2024
Газа: Во израелски напади врз бегалскиот камп Нусејрат загинаа 8 Палестинци Фото: Ali Jadallah/АА

ГАЗА (АА) - Осум Палестинци загинаа, а 30 се ранети денес во израелски напад врз бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, јави палестинската новинска агенција ВАФА, пренесува Анадолу.

Се наведува дека во воздушните напади таргетирана е станбена куќа во кампот во кои загинале четворица Палестинци, меѓу кои и едно бебе.

Во одделен напад на друга куќа во кампот загинати се уште четворица Палестинци, а најмалку 30 се повредени.

Израел започна офанзива во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври. Оттогаш, во енклавата загинаа повеќе од 34.300 Палестинци, а речиси 77.300 се повредени.

Израелската офанзива принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според податоците на Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın