свет

Најмалку 35 Палестинци загинаа во израелските напади во Рафа во изминатите 24 часа

Кувајтската болница во Рафа соопшти дека телата на 35-те убиени главно биле распарчени поради деструктивноста на воздушните напади и дека жртвите се претежно деца и жени.

Mustafa M. M. Haboush, Safiye Karabacak  | 08.05.2024 - Обновена : 08.05.2024
Најмалку 35 Палестинци загинаа во израелските напади во Рафа во изминатите 24 часа

ГАЗА (АА) - Најмалку 35 Палестинци загинаа, а 129 се ранети во нападите извршени од израелските сили во последните 24 часа врз градот Рафа на јужниот дел од Појасот Газа, каде што има околу 1,5 милиони раселени лица, јавува Анадолу.

Кувајтската болница во Рафа соопшти дека телата на 35-те убиени главно биле распарчени поради деструктивноста на воздушните напади и дека жртвите се претежно деца и жени.

Израелските воени авиони и артилериски единици вршат тешки напади врз различни региони на источниот дел на градот Рафа, а цел на нападите биле и цивилните куќи и зградата на општината.

Израел продолжи со нападот на Рафа и покрај тоа што палестинското движење Хамас го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот и размена на заробеници.

Во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 34.789 Палестинци, од кои 14.944 деца и 9.849 жени, а 78.204 се повреди во услови на масовното уништување и големиот недостиг на неопходни работи.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın