Во израелски воздушни напади погодени јужните предградија на Бејрут
- Израелската Армија соопшти дека започнала со напади врз Бејрут, тврдејќи дека нападите биле насочени кон инфраструктурата што му припаѓа на Хезболах
ИСТАНБУЛ (АА) - Во израелски воздушни напади денес погодени се јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, според либанската државна новинска агенција ННА, пренесува Анадолу.
Двата израелски напади беа насочени кон областа позната како упориште на Хезболах во јужните предградија на главниот град, според ННА.
Израелската Армија соопшти дека започнала со напади врз Бејрут, тврдејќи дека нападите биле насочени кон инфраструктура што му припаѓа на Хезболах.
Претходно денес, Хезболах соопшти дека израелските сили се повлекле по судирите со нивните борци во јужен Либан.
Во одделни изјави, групата соопшти дека цел на напади биле израелските воени објекти во северен Израел кои биле нападнати со рој беспилотни летала.
Хезболах соопшти дека ја нападнал базата Ајн Зеитим северно од Сафед со беспилотни летала, а исто така го целел и воениот индустриски комплекс Рафаел јужно од градот Акре со борбени беспилотни летала.
Ситуацијата ескалираше во Либан во понеделникот откако Хезболах нападна воен објект во северен Израел со ракети и беспилотни летала како одговор на тековните израелски воздушни напади и убиството на Хаменеи.
Израелската Армија како одговор започна серија воздушни напади, при што убиени се најмалку 72 лица, а беа повредени речиси 450 други.
Армијата, исто така, започна копнен упад во јужен Либан.
Израел постојано го прекршуваше договорот за прекин на огнот со Хезболах, потпишан во ноември 2024 година, извршувајќи речиси секојдневни напади во кои се убиени стотици луѓе, а повредени се и стотици други.
Израел ја започна својата офанзива против Либан во октомври 2023 година и ја ескалираше во целосна војна во септември 2024 година, при што убиени се повеќе од 4.000 луѓе, а околу 17.000 беа ранети.
САД и Израел продолжуваат со големи напади врз Иран од саботата, при што убиени се речиси 900 луѓе, вклучувајќи го и врховниот лидер Али Хаменеи и високи воени официјални претставници.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, како и кон земјите од Заливот во кои се наоѓаат американски бази.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
