Ali Semerci
04 Април 2024•Ажурирај: 04 Април 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Убиени се 8 Палестинци, од кои 3 деца, во бомбардирањето што Израел го изведе на градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Палестинската државна агенција ВАФА, повикувајќи се на локални извори, објави дека израелските воени авиони извршиле воздушен напад во градот Рафа.
Во нападот се убиени 7 лица, од кои 3 деца.
Една жена е убиена и во воздушниот напад што Израел го изведе во источниот дел на Рафа.