Ekipa
08 Февруари 2017•Ажурирај: 08 Февруари 2017
МОСКВА (AA) - Проруските сепаратисти во источна Украина соопштија дека еден од нивните најистакнати команданти е убиен денес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Доњецк“, блиска до бунтовниците, јави дека во терористички напад загина Михаил Толстих, познат по прекарот Гиви.
Неколку руски медиуми пренесоа дека Толстих загина во експлозија што се случила во неговата канцеларија. Руската државна телевизија прикажа фотографии од пожарникарите што го гасат пожарот во зградата каде што се наоѓа канцеларијата на Толстих.
Тој беше едно од најпрепознатливите лица во оружениот судир меѓу украинските сили и проруските бунтовници.
Судирот на истокот на Украина трае од април 2014 година и досега однесе повеќе од 9.800 животи.