İbrahim Hakkı Çetinkaya
22 Април 2023•Ажурирај: 23 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Осум лица, вклучувајќи и 12-годишно девојче, повредени се во два напади во американската престолнина Вашингтон, известува Анадолу.
Управата на полицијата на метрополата соопшти дека постои сомневање дека двете пукотници ноќта на 21 април се поврзани, бидејќи се извршени една по друга.
Помошник-началникот на патролната служба, Ендрју Рајт, изјави дека нападите се случиле во улицата „Лебаум“ и дека меѓу повредените има и 12-годишно девојче.
Рајт наведе дека меѓу повредените нема лица кои се во животна опасност.
Тој соопшти дека, иако причината засега не е позната, се смета дека двата напади се поврзани поради близината на местата на кои се извршени нападите.
Полицијата информираше дека очевидците виделе како напаѓачите, веројатно во црно возило, влегле во масата и пукале неселективно наоколу.