свет

Во два камиона во Мексико пронајдени над 240 мигранти

Мексико последниве месеци ги заостри безбедносните мерки поради бранот мигранти кои преминуваат во Соединетите Американски Држави (САД)

Zehra Ulucak  | 04.10.2019 - Обновена : 07.10.2019
Во два камиона во Мексико пронајдени над 240 мигранти

МЕКИСКО (АА) - Во два камиона во Мексико пронајдени се над 240 мигранти, кои илегално влегле во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Од Владата е соопштено дека полициски службеници на различни подрачја сопреле два камиона во кои пронашле 243 илегални мигранти.

Утврдено е дека мигрантите доаѓаат од Гватемала, Ел Салвадор и Хондурас. Меѓу нив се наоѓаат и 46 малолетници. Уапсени се возачите и лицата кои помагале во превозот на мигрантите.

Мексико последниве месеци ги заостри безбедносните мерки поради бранот мигранти кои преминуваат во Соединетите Американски Држави (САД).

Околу 7 илјади луѓе, кои од земјите на Централна Америка тргнаа кон САД, во декември минатата година дојдоа во Тихуана, во северниот дел на Мексико.

Вашингтон и Мексико го постигнаа договорот наречен „Остани во Мексико“, со кој се предвидува граѓаните на трети земји кои имаат намера преку Мекиско да влезат во САД, да бидат задржани во Тихуана додека не добијат одговор на барањето за азил.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın