Erbil Başay
31 Јануари 2020•Ажурирај: 31 Јануари 2020
БЕРЛИН (АА) – Во Германија бројот на заболени од новиот вид коронавирус (2019-nCoV) се зголеми на 5, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на покраината Баварија се истакнува дека уште кај едно лице е откриен новиот вид коронавирус.
Лицето работело во компанија во областа Старнберг, каде што работеле и четирите лица кај кои претходно е откриен вирусот. Лицето престојувало во регионот Траунштајн.
Во изјавата се наведува дека продолжуваат прегледите на 110 лица што работат во истата компанија и дека надлежните органи се информираат за здравствената состојба на овие лице, кои не ги напуштаат своите домови.
Баварското Министерство за здравство претходно соопшти дека коронавирусот е откриен кај вкупно 4 лица, од кои една жена.
- Германските државјани ќе бидат донесени од Кина -
Истакнувајќи дека сакаат итно да ги донесат 90-те до 100 германски државјани што се наоѓаат во подрачјето на Вухан во Кина, германскиот министер за здравство, Јенс Спан, рече дека германското Министерство за надворешни работи преговара со кинеските власти за изнаоѓање решение за извлекување на германските државјани.
Според информациите во германските медиуми, германските државјани од Кина со авион ќе бидат пренесени до аеродромот во Франкфурт, потоа од аеродромот ќе бидат однесени во тренинг-центарот во воздухопловната база „Гермерсхајм“ во покраината Рајланд-Пфалц, од каде што ќе бидат ставени во карантин околу две недели.