Erbil Başay
25 Септември 2019•Ажурирај: 26 Септември 2019
БЕРЛИН (АА) - Исламската федерација (ИФ) со седиште во Берлин, главниот град на Германија, со анкетата што ќе ја спроведува на тема „Расизам против муслиманите“ ќе се обиде да утврди како политичките промени во земјата влијаат врз животот на муслиманите, јавува Anadolu Agency (AA).
Членката на Управниот одбор на ИФ и директорка на проектот, Сафине Килинч, во изјавата за АА рече дека во Германија досега се спроведувале многу анкети за муслиманите, но овој пат Исламската федерација прави анкета од сопствена гледна точка и научна проценка.
Килинч, посочувајќи дека во последните пет години се зголемиле гласовите на екстремните десничарски партии во Германија, рече дека ќе се обидат да го согледаат ефектот на таа политичка промена врз животот на муслиманите.
Таа истакна дека многу антиисламски напади не се заведени во полициската евиденција затоа што за нападите не е поднесена жалба, и додаде дека откако ќе биде оценета анкетата, ќе добијат индиции за тоа колку напади се пријавени или пак не се пријавени во полиција.
Наведувајќи дека должноста на ИФ е да ги брани политичките и законските права на муслиманите во Берлин, Килинч истакна дека резултатите од истражувањето ќе бидат важни за нив.
Таа рече дека прашалникот е достапен на три јазици - турски, германски и арапски јазик и дека анкетата може да се пополни на интернет-адресата www.if-berlin.de/umfrage. Прашалникот ќе може да се пополни до крајот на ноември.
Килинч, исто така истакна дека резултатите од анкетата ќе бидат споделени со јавноста откако научно ќе бидат оценети.
Истакнувајќи дека учеството во истражувањето е ограничено на оние што живеат во Берлин, Килинч ги повика жителите на Германија масовно да учествуваат во анкетата.