ЛОНДОН (АА) - Кога кампањата за заминување на Велика Британија до Европската Унија (ЕУ) резултираше со тесна победа на референдумот за членството во ЕУ во 2016 година, никој не помисли дека шокирачкиот резултат од напуштањето на блокот, по повеќе од четиридецениското заемно корисно партнерство, ќе ја затруе политиката на Велика Британија за наредните неколку години, пишува Anadolu Agency (AA).
Референдумот, кој се најде во гласачките кутии како ветување од изборната кампања на тогашниот премиер Дејвид Камерон, стави крај на неговата политичка кариера со својот резултат, без разлика на тоа што кампањата на Камерон беше да се остане во ЕУ.
Новата Влада на конзервативците на чело со наследничката на Камерон, Тереза Меј, следеше нетранспарентен пат на преговори со официјалните претставници на ЕУ, и таа честопати беше обвинувана дека не слуша ниту една политичка партија во Долниот дом на Парламентот, ниту децентрализираните власти на Шкотска и Велс. Сепак, предвремените избори во 2017 година, со кои таа ризикуваше дека ќе добие поддршка во Парламентот, завршија драматично со губење на нејзиното парламентарно мнозинство, принудувајќи ја да ја прифати Партијата на демократската унија (DUP) од Северна Ирска, во замена за 1 милијарда фунти (1,25 милијарда долари) инвестиции за регионот.
И покрај сите обиди, Меј од членовите на својата партија беше отстранета од функцијата, откако повторно не успеа да добие поддршка од Долниот дом на Парламентот за договорот за кој преговараше и го постигна со Европејците.
Таа во мај, во емоционален говор на „Даунинг стрит“ ја најави својата оставка како лидерка на партијата и премиерка.
- Борис Џонсон, пророгација -
Борис Џонсон, поборник за кампањата за напуштање и непопустлив приврзаник на Брегзит, го зазеде местото на Меј во јули, при што другите членови поддржувачи на Брегзит застанаа зад Конзервативната партија, откако Британија бараше две продолженија на датумот за напуштање на ЕУ, нешто што тие го сметаа за неприфатливо. Според нив, земјата мора да ја напушти Унијата што е можно побрзо.
Минатиот месец Џонсон неочекувано доби благослов за петнеделна пророгација од кралицата Елизабета, на која ѝ беше кажано дека е потребна суспензија за новата владина програма.
Сепак, неколку правни предизвици, еден во Англија и еден во Шкотска, се појавија во највисокото правно бојно поле во земјата - Врховниот суд.
Овој потег на суспензија се соочи со сериозни критики од опозициските партии, па дури и со голем број пратеници од Конзервативната партија, кои беа суспендирани од партијата затоа што не го поддржаа Нацрт-законот на Џонсон по неколку парламенарни гласања, и ја критикуваа суспензијата нарекувајќи ја антидемократска и незаконска.
Врховниот суд вчера донесе конечна одлука за процесот дека суспендирањето на британскиот Парламент е незаконско, и ја поништи пророгацијата на Џонсон, прогласувајќи ја за неважечка.
Џонсон веднаш изјави дека не се согласува со едногласната одлука од 11 судии, но рече дека ќе го почитува исходот. Како и да е, опозициските лидери сега го повикуваат да даде оставка за незаконско дејствување во неговиoт потег за пророгација.
- Што е следно во тешката ситуација за Брегзит?
Никој, вклучително и постарите членови на Долниот дом, не знае како турбулентните и непознати води на британската политика понатаму ќе течат за Брегзит.
Опозициските партии и бунтовните пратеници од Конзервативната партија, кои веќе го усвоија законот според кој Џонсон треба да побара трето продолжување на рокот од ЕУ, доколку не може да обезбеди договор до 19 октомври, сега размислуваат за начини како да го принудат да го почитува законот и да го направи она што е потребно. Ова е затоа што Џонсон постојано ветуваше дека нема да бара понатамошно продолжување од Брисел и дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври.
Премиерот веќе даде до знаење дека нема да ги сфати сериозно повиците за негова оставка и се очекува да донесе уште еден Предлог-закон за предвремени избори, до денеска два вакви предлог-закони не успеаја да добијат доволно поддршка.
Опозицијата секогаш може да го искористи инструментот за свикување гласање за недоверба, но во овој момент, Лабуристичката партија не му верува на Џонсон. За овој маневар би го ослободиле да го распушти Парламентот за избори, кои би можеле да бидат поставени за по 31 октомври, на тој начин олеснувајќи го Брегзитот без договор, за кој тие напорно се трудеа да го избегнат.
Бидејќи денес Парламентот се одблокира, во Вестминстер може да се појават нови тактики и креативни решенија, но како навистина британските политичари ќе продолжат понатаму, тоа е голем знак прашалник.
news_share_descriptionsubscription_contact
