Vesna Besic
08 Септември 2024•Ажурирај: 09 Септември 2024
ГАЗА (АА) - Во Газа има сѐ повеќе случаи на детска неисхранетост поради израелската блокада и напади, известува Анадолу.
Израелските напади и блокадата на Појасот Газа продолжуваат веќе 11 месеци. Поради хуманитарната катастрофа, во Газа има сѐ повеќе случаи на детска неисхранетост како и епидемиски заболувања.
Поради неисхранетост и недостиг на лекови, седумгодишното палестинско девојче Шам ал Масри се бори да преживее во болницата Ал Акса во градот Деир Ал Балах.
Последниот срцепарателен случај е смртта на четиригодишната Лина Шеик Калил во градот Деир Ал Балах, која почина од неисхранетост и недостиг на лекови.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа од 7 октомври минатата година.
Големи делови од Газа се во урнатини, а блокирана е и испораката на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.