Sinan Doğan
07 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
БОГОТА (АА) - Вооружени групи убија уште двајца лидери на локалните заедници во северниот дел на Колумбија, известува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за мировни и развојни студии (Indepaz) објави дека вооружени напаѓачи влегле во домовите и со истрели од огнено оружје ги убиле лидерите на две локални заедници во местото Ла Глорија во Сан Педро.
Индепаз ги предупреди властите на Колумбија на потребата од јакнење на безбедносните мерки поради зголемениот број вооружени напади во земјата.
Во слични атентати во Колумбија од почетокот на годината убиени се најмалку 69 лидери и активисти на локалните заедници.
Владата на Колумбија во ноември 2016 година потпиша мировен договор со Револуционерните сили ФАРК (FARC), со што беше ставен крај на повеќедецениските судири.
Од тој момент досега во Колумбија се убиени најмалку 1.340 активисти и лидери на локалните заедници.