Selma Kasap
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Во рамките на воздушните операции е неутрализиран т.н. командант на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Хусен Тунуси и неговото обезбедување, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори во подрачјето се дознава дека вчера, во воздушен напад во северниот дел на Сирија, во Ел Баб било погодено возилото во кое се наоѓале Ебу Хусен Тунуси и неговото обезбедување, при што тие биле неутрализирани.
Додека продолжува идентификацијата на Тунуси, од безбедносни извори се дознава дека тој е еден од истакнатите команданти на терористичката организација во Рака и бил специјално испратен во подрачјето на Ел Баб, што е еден од најзначајните показатели за важноста што терористичката организација ДЕАШ му ја придава на градот Ал Баб.
Покрај тоа, вчера, во 12.05 часот, членови на терористичката организација ДЕАШ извеле напад со возило-бомба на 5 километри северозападно од Дабик и 14 километри оддалеченост од Азаз, во подрачјето на Суран. Цел на нападот било цивилното население. Во експлозијата животот го загубиле 6 лица, а дваесетмина се повредени.