Fatma Esma Arslan
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
ДАКАР
На Брегот на Слоновата Коска е откриено нафтено поле од околу 2 милијарди барели, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на министерот за рударство и енергетика на оваа земја, Томас Камара, се наведува дека нафтеното поле е откриено од конзорциумот на националната нафтена компанија „Петроси“ и италијанската компанија „Ени“.
Во соопштението се вели дека на ова поле има резерва на сурова нафта од околу 2 милијарди барели и резерва на природен гас од околу 68 милиони кубни метри.
Се истакнува дека ова откритие значајно ќе го зголеми производството на нафта и гас на Брегот на Слоновата Коска.
Инаку, во земјата се наоѓаат 51 нафтено поле, од кои 4 се активни, 26 во фаза на пребарување и 21 се во фаза на преговори.