свет

Во борбите во Газа во последните пет дена повреден уште 21 израелски војник

Бројот на загинати израелски војници од 7 октомври досега изнесува 596, вклучително и 252 загинати од почетокот на израелската копнена операција во Газа од 27 октомври

Ahmed Asmar  | 26.03.2024 - Обновена : 27.03.2024
Во борбите во Газа во последните пет дена повреден уште 21 израелски војник

ЕРУСАЛИМ/КУДС (АА) - Израелската армија денес соопшти дека уште 21 војник е повреден во Појасот Газа во последните пет дена, јавува Анадолу.

Според воените податоци, со новите случаи вкупниот број на повредени војници од избувнувањето на конфликтот во Газа на 7 октомври 2023 година достигна 3.130.

Околу 288 војници сè уште се на лекување во израелските болници, од кои 25 се во тешка состојба, 201 се со умерени повреди, а 62 имаат лесни рани.

Бројот на загинати израелски војници од 7 октомври досега изнесува 596, вклучително и 252 загинати од почетокот на израелската копнена операција во Газа од 27 октомври.

Израел спроведува смртоносна воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година по прекуграничниот напад од страна на Хамас во кој загинаа околу 1.200 Израелци.

Оттогаш во израелските напади во Газа загинати се повеќе од 32.300 Палестинци, претежно жени и деца, а над 74.000 се повредени.

Според Обединетите нации, војната принуди 85 отсто од населението на Газа на внатрешно раселување, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а поголем дел од инфраструктурата на енклавата е оштетен или уништен.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејства и да преземе мерки за да гарантира влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın