Selen Temizer,Muhammed Shekh Yusuf,Aliia Raimbekova
21 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
АСТАНА (АА) - Во главниот град на Казахстан, Астана, започна осмиот круг на преговори за кризата во Сирија за време на кои ќе се разговара за ослободување на заробениците и уапсените, непрекинато доставување на хуманитарната помош, но и кршење на примирјето во зоните без судир, јавува Anadolu Agency (AA).
Статус на набљудувач имаат делегациите на ОН, САД и Јордан. Осмиот круг на преговори започна со средбите меѓу делегациите на Русија, Турција и Иран.
На чело на турската делегација е советникот во Министерството за надворешни работи, Седат Онал кој одржа состанок со руските официјални лица. И руските претставници одржаа одвоени состаноци со претставниците на Иран и делегацијата на сирискиот претседател Башар ал Асад. Се очекува состанок на турската делегација со иранската.
Руската делегација ја предводи специјалниот пратеник на претседателот Владимир Путин за Сирија, Александер Лаврентиев, додека на чело на иранскиот тим е заменик министерот за надворешни работи Хусеин Џабири Енсари. Американската делегација наместо високиот американски дипломат Дејвид Сатерфилд овој пат ја предводува еден од ескпертите на Министерството за надворешни работи, Ахмед Сама.
Се очекува и постигнување на договор за воспоставување на координациски центар за одредување на прецизни граници на трите зони без судир, Идлиб, Хомс и Источна Гута. Делегациите би требале да постигнат договор и за ослободување на заробениците, предавање на телото на настраданите и трагање по исчезнатите лица.
Како набљудувачи на состаноците се наоѓаат делегациите на ОН и Јордан.
Од казахстанското Министерство за надворешни работи потврдија дека Стефан де Мистура, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, утре ќе присуствува на преговорите.
Се очекува утре да биде одржан главниот состанок на кој ќе присуствуваат сите страни.
На преговорите во Астана на почетокот на мај е договорено воспоставување на четири зони без судир во средиштата на најголемите судири во Сирија. За време на јулскиот круг на преговори договорено е формирање на заедничка работка група.
Со договорот на Русија и САД, една од тие зони, онаа во Дера и Кунејтра, прогласена е за безбедна зона и во тој регион се водат одвоени преговори. Русија во јули прати и полициски сили за да ја контролира имплементацијата на примирјето во тие региони.
Паралелно со тоа, руското Министерство за одбрана на почетокот на јули соопшти дека е прогласен прекин на судирите и во Источна Гута кај Дамаск, но на почетокот на август е откриено дека тој договор го птпишала само една бунтовничка група. Силите лојални на режимот на Асад и понатаму извршуваат артирелиски и воздушни напади на Источна Гута.
Се очекува и постигнување на посебен договор за границите на Идлиб во кои на сила ќе биде договорено примирје.