Riyaz Khaliq Khaliq
17 Август 2023•Ажурирај: 18 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, меѓу кои 6 патници и 2 лица од екипажот, при уривање на авион во Малезија, соопшти полицијата, пренесува Анадолу.
Несреќата се случила во местото Елмина во Шах Алам, главен град на државата Селангор, објави државниот медиум „Бернама њуз“, цитирајќи полициски извори.
Меѓу загинатите има осум лица кои се наоѓале во авионот, како и возач на автомобил и мотоциклист кои биле погодени од авионот што се урна.
Според Управата за цивилно воздухопловство на Малезија, авионот од типот „Бичкрафт 390“ полетал од меѓународниот аеродром во Лангкави и требало да слета на аеродромот „Султан Абдул Азиз Шах“.
Видеата и сликите од местото на несреќата масовно се споделуваат на социјалните мрежи.