Висок советник на Путин: Москва и Вашингтон „постигнуваат напредок“ во решавањето на конфликтот во Украина
„Кремљ моментално чека реакција од американските колеги по разговорите што се одржаа во вторникот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американските претставници Стивен Виткоф и Џаред Кушнер“
МОСКВА (АА) - Високиот советник на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, денес изјави дека Москва и Вашингтон постигнуваат напредок во решавањето на украинското прашање, јавува Анадолу.
Говорејќи во интервју за телевизискиот канал Русиз Звезда, Ушаков изјави дека Москва е подготвена да работи со американските преговарачи за решението за Украина.
„Постигнуваме напредок. Ова ни дава надеж и подготвени сме да работиме со овој американски тим“, изјави тој.
„Кремљ моментално чека реакција од американските колеги по разговорите што се одржаа во вторникот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американските претставници Стивен Виткоф и Џаред Кушнер“, истакна тој.
„Датумот на следниот контакт сè уште не е закажан, вклучително и телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател“, додаде тој.
„Гледате, сето ова може лесно да се организира. Сетете се како самитот во Енкориџ беше организиран за само три дена и сè беше договорено. Штом се воспостават предусловите за комуникација меѓу претседателите, или преку телефон или лично, сè ќе биде направено прилично брзо“, објасни тој.
Запрашан во врска со ставот на ЕУ, Ушаков изјави дека Европјците продолжуваат да поставуваат барања што се неприфатливи за Москва и не придонесуваат за постигнување решение за украинското прашање.
„За време на средбата на Путин со Виткоф не беа дискутирани специфични формулации на мировниот план на САД; наместо тоа, тие се фокусираа на суштината на документите“, изјави Ушаков за новинарите.
Според него, конкретно биле дискутирани територијалните прашања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
