Şeyma Uzundere
24 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
КАРАКАС
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, истакна дека сакаат да отворат нова страница со администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден врз основа на заемна почит и дијалог, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мадуро по долгогодишните тензии помеѓу неговата влада и администрацијата на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, истакна дека посакуваат двата народа да определат нов пат врз основа на заемна почит, дијалог, комуникација и разбирање.
Од друга страна, Мадуро рече дека Владата треба да се фокусира на укинување на блокадата, подобрување на економијата и воспоставување голем национален дијалог.
Инаку, откако Бајден победи на претседателските избори, Мадуро истакна дека Владата на Венецуела е подготвена за дијалог со американската Влада и американскиот народ.
Потоа, на медиумите беа објавени вести дека исто и Бајден е подготвен повторно да започнат преговори со Венецуела.