свет

Во Берлин одржан протест поради политиката на Кина кон Ујгурите

Демонстрантите, кои симболично носеа лисици на рацете, побараа бојкот на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг и развија транспарент на кој пишува: „Нема правда, нема игри“ (No Rights, No Games)

Erbil Başay, Cüneyt Karadağ  | 24.01.2021 - Обновена : 25.01.2021
Во Берлин одржан протест поради политиката на Кина кон Ујгурите ( Fotoreporter: Abdulhamid Hoşbaş - Anadolu Agency )

БЕРЛИН

Во Берлин, главниот град на Германија, одржани се протести против кинеската политика кон Ујгурите во автономниот регион Синјанг, јавува Агенција Анадолија (АА).

Учесниците на протестот кој се одржа вчера носеа маски, што го претставуваат народот Ујгури, во текот на демонстрациите што ги организираше група од партијата Тим Тоденхофер пред кинеската Амбасада во Берлин.

Демонстрантите, кои симболично носеа лисици на рацете, побараа бојкот на Зимските олимписки игри 2022 година во Пекинг и развија транспарент на кој пишува: „Нема правда, нема игри“ (No Rights, No Games).

Во текот на протестите можеа да се слушнат и паролите „ние сме Ујгури“ и „ослободете ги“, а истакнат е и транспарентот „Стоп на геноцидот врз Ујгурите“.

Со оглед дека станува збор за неовластен собир, демонстрантите по доаѓањето на полицијата се легитимирани, а потоа мирно се разотидоа.

Претседателот на партијата Тим Тоденхофер, Јурген Тоденхофер, изјави дека Ујгурите се во затвор со јасна цел, а тоа е за да се уништи нивната култура.

„Се брише нивната исламска култура“, рече Тоденхофер, подвлекувајќи дека нема да молчи за состојбата на Ујгурите, иако целиот свет молчи:

„Германската Влада вели дека е загрижена, но сè се завршува на тоа. Не смееме да заборавиме дека со Кина имаме големи (комерцијални) работи. Погонот на Фолксваген се наоѓа во Синјанг. Едно од секои две возила на Фолксваген се продава во Кина.“

Тој наведе дека Кина мора да запре со вршењето притисок над Ујгурите.

Автономната покраина Синјанг е најголемата кинеска покраина во која доминантно живее муслиманско население што го сочинуваат припадниците на туркиската етничка заедница Ујгури и етнички Казахстанци.

Кинеските организации за заштита на човековите права веќе некое време се обидуваат да ѝ укажат на меѓународната заедница за проблемот на ујгурската заедница во Синјанг, во кој милиони луѓе се затворени во логори за преобразување и доедукација.

И меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) во неодамнешниот извештај наведе дека многу луѓе во Синјанг во изминатите две години завршиле во притвор во таканаречените центри за политичка едукација, а станува збор за лица кои властите ги оцениле како опасни и против нив наредиле таканаречено превентивно полициско делување.

Европската Унија изрази загриженост поради постоењето на тие центри за политичка едукација и тоа јасно им го пренесе на кинеските функционери на состанокот за Дијалог за човековите права.

Официјален Пекинг негира постоење на такви логори во Синјанг, а од Министерството за надворешни работи на Кина тврдат дека станува збор за центри што се користат исклучиво за стручно образование.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın