Aysu Biçer
03 Октомври 2023•Ажурирај: 04 Октомври 2023
ЛОНДОН (АА) - Жителите на Оксфорд во Велика Британија беа шокирани од силната експлозија што синоќа го осветли небото по удар на гром, пренесува Анадолу.
Ударот на гром предизвика силна експлозија на гас во фабрика за рециклирање во Оксфорд, објави Би-би-си.
„Северн Трент Грин Пауер“ со седиште во близина на Јарнтон, потврди дека биогасот во резервоарот се запалил околу 19:20 часот по локално време.
Жителите пријавиле прекин на електричната енергија во Витни, Бурфорд, Чипинг Нортон и Милтон андер Вичвуд.
Фабриката за рециклирање соопшти дека соработува со службите за итни случаи за обезбедување на локалитетот.
Снимки од експлозијата се објавени на социјалните мрежи, предизвикувајќи паника кај локалното население.