Behlül Çetinkaya
28 Јануари 2024•Ажурирај: 30 Јануари 2024
ЛОНДОН (АА) - Велика Британија ја прекина финансиската поддршка на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА) откако израелските официјални претставници изјавија дека некои вработени во оваа Агенцијата го поддржувале палестинското движење Хамас, известува Анадолу.
Во соопштението на британското МНР се наведува дека се истражуваат израелските наводи дека вработени во УНРВА го поддржувале Хамас.
„Привремено ја запираме финансиската поддршка на УНРВА додека ги истражуваме овие шокантни наводи“, се вели во соопштението.
Британското МНР, исто така, објави дека ќе ја продолжи поддршката на оние на кои им е потребна хуманитарната помош во Газа.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара итна истрага за наводите на израелската власт дека персонал на УНРВА бил вмешан во нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.
УНРВА отпушти дел од својот персонал и започна истрага по овие обвинувања.
И американскиот Стејт Департмент објави дека одлучил привремено да го прекине финансирањето на УНРВА додека се истражуваат обвинувањата.
Слично соопштение објавија и властите на Австралија, Финска, Канада и Италија.