Ecenur Çolak
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
ВАТИКАН (АА) - Директорот на канцеларијата за печат на Ватикан, Грег Бурк, ги демантираше тврдењата дека Ватикан со Саудиска Арабија се договорил за изградба на црква во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Бурк во врска со тврдењата дека „Ватикан ќе гради црква во Медина, Саудиска Арабија“ за АА изјави: „Ватикан ги демантира тврдењата дека со Саудиска Арабија е договорена изградба на црква во оваа земја“.
Во медиумите се појавија вестите во кои се вели дека Ватикан и Саудиска Арабија се договориле околу изградба на црква во Медина, и дека црквата ќе биде изградена од страна на Ватикан.