Adem Şalvarcıoğlu
09 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Во Малезија денес се одржуваат парламентарни избори на кои главната борба се води помеѓу сегашниот премиер Наџиб Разак и поранешниот премиер, 92-годишниот Махатир Мохамад, jaвува Anadolu Аgency (AA).
Околу 9.000 избирачки места низ Малезија се отворени ова утро во 8 часот по локално време, а до нивното затворање во 17 часот се очекува да гласаат близу 15 милиони гласачи.
Малезијците избираат нов национален парламент со вкупно 220 места, а прелиминарните резултати од изборите треба да бидат познати вечерва.
Едни од најнеизвесните избори во Малезија се место на голема политичка борба помеѓу кандидатите за идниот премиер на оваа земја.
Сегашниот премиер Разак ја предводи коалицијата Национален фронт (БН) во чиј состав најсилната политичка опција претставува Националната партија на Малаја (UMNO).
Неговиот најголем ривал на денешните избори е поранешниот премиер и 92-годишниот политички ментор Махатир Мохамад, кандидиран на обединетата малезиска опозиција која сакаат тој да ги спроведе реформите во земјата.
Обединетата опозиција настапува под името „Надежта на народот“, а за главен адут на кампањата се наведува 22-годишното искуство на шефот на Владата, Махатира Мохамад.
Исламската партија на Малезија (ПАС), која во Парламентот моментално има 13 пратеници, на изборите настапува независно, а нејзиниот лидер Абдул Хади Аванг е кандидат за следен премиер на земјата.
Владејачката коалиција во Малезија веќе неколку години губи на популарноста и вечерашните изборни резултати ќе дадат одговор на прашањето дали корупциските афери на премиерот на Развојниот Фонд на Малезија, ќе бидат пресвртница за првата промена на политичката структура во земјата.
Владејачка политичка опција на Разак на претходните парламентарни избори во 2013 година остана на власт задржувајќи го мнозинството, но загуби неколку пратенички места во Парламентот.
Опозицискиот блок предводен од Махатир Мохамад во моментов во Парламентот на Малезија има 89 пратеници и се надева дека овој пат ќе го добие потребното мнозинство за да формира влада.