Ömer Yetkin Acar
16 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
САО ПАОЛО (АА) – Меѓу затворениците во затворот „Алџачуз“, во државата Северно Рио Гранде во Бразил, настанал бунт којшто бил ставен под контрола 14 часа по започнувањето. Во бунтот, 26 затвореници ги загубија своите животи, јавува Anadolu Agency (AA).
Се претпоставува дека бунтот во затворот „Алџачуз“ настанал по судирот меѓу две групи, во кој 26 затвореници се убиени со отсекување на главите.
Секретарот за јавна безбедност, Кајо Безера изјави дека според првичните информации, бројот на загинатите е 27, но подоцна е востановено оти еден затвореник бил избројан двапати, бидејќи телата на затворениците биле распарчени.
Се дознава дека од 26-те масакрирани затвореници, двајца биле запалени.
За да бидат идентификувани телата на затворениците, предадени се на судска медицина. Во затворот со капацитет за 620 лица, имало 1.083 затвореници.
Во бунтовите во затворите вио Бразил, почнувајќи од почетокот на оваа година, досега загинаа околу 100 лица.
Бразилската Влада ги мобилизираше армиските единици за да се воспостави безбедност во затворите на северната провинција.