Halime Afra Aksoy
06 Ноември 2023•Ажурирај: 07 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа, кој е под блокада, надмина 10.000, пренесува Анадолу.
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра, одржа прес-конференција во болницата Шифа, на која информираше за жртвите и повредените лица како резултат на израелските напади.
Кудра нагласи дека бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се зголемил на 10.022.
Тој нагласи дека 4.104 од убиените се деца, додека 2.641 се жени.