Ömer Tuğrul Çam
28 Јуни 2022•Ажурирај: 29 Јуни 2022
БРИСЕЛ (АА) - По нападот на Русија врз Украина, бројот на војници кои служат во борбените единици на источното крило на НАТО се зголеми повеќе од двојно, и достигна речиси 10.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
НАТО сподели детали за бројот на војници во источното крило во рамките на одвраќањето и зајакнувањето на одбраната, за што ќе се разговара и на Самитот во Мадрид што ќе се одржи од 28 до 30 јуни.
Според тоа, откако Русија го започна нападот врз Украина на 24 февруари бројот на војници во мултинационалните борбени групи, чиј број е зголемен од 4 на 8, се зголеми на 9.641 војник. Оваа бројка претходно изнесуваше околу 4.000 војници.
Борбените групи на источното крило пред нападот се наоѓаа во балтичките држави Летонија, Литванија, Естонија и Полска. По нападот, борбените групи се распоредени и во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка.
25 земји на НАТО придонесуваат за мултинационалните трупи кои се подготвени за битка. Германија, која обезбедува најмногу војници, има 1.315 војници во Литванија и Словачка.
Следуваат САД со 1.165 војници во Полска, Бугарија, Унгарија и Романија, а Велика Британија има 1.122 војници во единиците во Естонија и Полска.