Ekip
31 Декември 2022•Ажурирај: 01 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 27 лица загинаа, а 112 се повредени во пожарот што во четвртокот избувна во казиното на хотел во камбоџанскиот пограничен град Поипет, соопштија денес официјални лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Власта на градот Поипет во западната провинција Бантеај Меантеј, на границата со Тајланд, соопштија дека има 112 повредени, од кои 27 сѐ уште се хоспитализирани во пограничниот град Аранјапратет, а останатите се пуштени дома“, објави тајландската телевизија ПБС (PBS).
Во казиното имало повеќе од 400 вработени кога пожарот го зафатил овој дел на 17-катниот хотел „Гранд дајмонд сити“.
Се сомнева дека причина за пожарот е краток спој бидејќи зградата била многу осветлена по повод божиќните и новогодишните празници.