Bedrudin Brljavac
31 Декември 2022•Ажурирај: 01 Јануари 2023
БЕРЛИН (АА) - Поранешниот поглавар на Римокатоличката црква, папата Бенедикт XVI, почина во 96 година, потврди утрово Ватикан, известува Агенција Анадолија (АА).
Бенедикт XVI ќе остане, меѓу другото, запаметен и по тоа што беше првиот папа кој поднел оставка во 600 години.
Бенедикт XVI е роден како Јозеф Алојз Рацингер на 16 април 1927 година во Марктл на Ин во сојузната покраина Баварија, Германија.
Тој беше 265. поглавар на Католичката црква од 19 април 2005 до оставката во 2013 година. Бенедикт XVI ја напушти службената должност на папа поради старост.
Често проповедал за пријателството со Исус, го промовирал новото евангелизирање, го осудувал моралниот релативизам и конзумеризам. Имал голем број пасторални патувања.