свет

Британските „Ф-35“ започнаа со работни летови над Сирија и Ирак

-Британските борбени авиони „Ф-35“, распоредени во воздухопловната база во Кипар, започнаа со работни летови над Сирија и Ирак

Tayfun Salcı  | 25.06.2019 - Обновена : 25.06.2019
Британските „Ф-35“ започнаа со работни летови над Сирија и Ирак

ЛОНДОН

Британските борбени авиони „Ф-35“, распоредени во воздухопловната база во Кипар, започнаа со работни летови над Сирија и Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во изјавата од Министерството за одбрана на Велика Британија се истакнува дека шесте борбени авиони „Ф-35“, кои се распоредени во воздухопловната база „Акротири“ во Кипар, извршиле 14 работни лета над Сирија и Ирак.

Летовите се користеле за разузнавачки цели во рамките на операциите водени против терористичката организација ДЕАШ, но во текот на летовите немало вооружен напад.

Севкупно, Велика Британија планира да купи 138 борбени авиони „Ф-35“, а досега испорачани се 17 авиона. Борбените авиони „Ф-35B“, приспособени за хоризонтално слетување, во месец октомври ќе бидат распоредени на носачот на авиони „ХМС Квин Елизабет“ каде ќе бидат тестирани.

Се очекува до 2021 година носачот на авиони и борбените авиони „Ф-35“ да дојдат до состојба да можат да реализираат операции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın