İsa Toprak
26 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа тројца терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство за одбрана се наведува дека безбедносните сили ја продолжуваат одлучната борба против тероризмот.
Се нагласува дека турските командоси во зоната на операцијата „Извор на мирот“, неутрализирале тројца терористи на ПКК/ЈПГ кои се подготвувале за напад.
Од 2016 година, Турција започна неколку успешни антитерористички операции преку границата со Сирија, со цел да се спречи формирање терористички коридор и да осигура безбедна средина за враќање на раселените лица.
Станува збор за операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција, што трае 40 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.