İslam Doğru
25 Јуни 2019•Ажурирај: 25 Јуни 2019
ЊУЈОРК (АА) - Според анкета реализирана во САД, 58 отсто од Американците биле против воена операција врз Иран, а само 24 отсто од Американците дале одобрение за ваква операција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Интернет-порталот за вести „The Hill“ и компанијата за реализирање анкети „HarrisX“ реализирале заедничка анкета во врска со тензиите меѓу САД и Иран, кои во последните денови се зголемени.
Во рамки на анкетата, на Американците им било поставено следното прашање: „Кој би требало да биде соодветниот одговор на САД против непријателството на Иран во последните денови?“
Деветнаесет отсто од учесниците во анкетата одобриле САД да извршат воена операција во ограничена мера врз Иран, додека 5 отсто од нив побарале да се прогласи војна.
Исто така, 49 отсто од анкетираните лица побарале преку дијалог да се најде решение за тензиите меѓу двете земји, додека 9 отсто од нив рекле дека САД не треба да му возвратат на Иран за рушењето на беспилотното летало.
Во рамки на анкетата во која учествувале над 1.000 лица, 18 отсто од учесниците истакнале дека се неодлучни во насока на тоа каков одговор треба САД да му дадат на Иран.