свет

Британските парламентарци потпишаа писмо барајќи од Владата да ја прекине продажбата на оружје на Израел

Во писмото, потпишано од над 130 парламентарци до министерот за надворешни работи Дејвид Камерон, се потсетува на сличните акции преземени од некои други земји

Burak Bir  | 27.03.2024 - Обновена : 28.03.2024
Британските парламентарци потпишаа писмо барајќи од Владата да ја прекине продажбата на оружје на Израел

ЛОНДОН (АА) - Десетици пратеници, членови на Домот на лордовите, ја повикаа британската Влада да ја забрани продажбата на оружје на Израел поради зголемениот притисок врз Израел од меѓународната заедница, јавува Анадолу.

Во писмото, потпишано од над 130 парламентарци до министерот за надворешни работи Дејвид Камерон, се потсетува на сличните акции преземени од некои други земји, како Канада, која неодамна објави дека ќе го прекине целиот извоз на оружје за Израел.

Координирани од пратеничката од редовите на Лабуристичката партија, Зара Султана, писмото е потпишано од 107 пратеници и 27 колеги, меѓу кои и поранешниот министер Питер Хејн, лидерот на Шкотската национална партија, Стивен Флин, и поранешниот лидер на лабуристите, Џереми Корбин, објави „Гардијан“.

Ношена Мобарик од конзервативците, постојаниот секретар на Форин офисот, Џон Кер, и поранешната министерка од Лабуристичката партија, Теса Блекстоун, беа меѓу останатите потписници на писмото што доби поддршка од 46 пратеници лабуристи и речиси целата Шкотската национална партија во Парламентот.

Во писмото се наведува дека продажбата на оружје од страна на Велика Британија на Израел е „целосно неприфатлива“ и дека оружјето од Велика Британија најверојатно се употребило за бомбардирање на британските лекари во Појасот Газа.

Се наведува дека истрагата на Обединетите нации открила дека борбен авион Ф-16 направен со делови од Велика Британија веројатно е одговорен за бомбардирањето на британските лекари во Газа.

Потсетувајќи дека во двете претходни ескалации на конфликтот во регионите Владата на Велика Британија ја прекина продажбата на оружје, во писмото се нагласува дека „размерот на насилство извршено од израелската војска е многу посмртоносно (денес), а британската Влада не успеа да реагира”.

Ова дојде по гласањето во Советот за безбедност на ОН во понеделникот, каде што беше усвоена резолуција со која се повикува на итен прекин на огнот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.