свет

Британскиот премиер: Мора да се справиме со сѐ поголемиот број инциденти на омраза кон муслиманите

- „Мора да се одговори на зголемениот број на овие инциденти. Затоа го зголемуваме финансирањето за заштита на џамиите и муслиманските верски училишта низ целата земја.“

Burak Bir  | 19.11.2025 - Обновена : 19.11.2025
Британскиот премиер: Мора да се справиме со сѐ поголемиот број инциденти на омраза кон муслиманите

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер денес ја осуди омразата кон муслиманите, нарекувајќи ја „одвратна“ и истакнувајќи дека растечкиот број инциденти мора итно да се третира, јавува Анадолу.

„Омразата кон муслиманите е одвратна и нема место во нашето општество“, рече Стармер за време на неделните прашања за премиерот во Долниот дом на британскиот Парламент.

Неговата изјава беше одговор на прашањето на пратеникот од Лабуристичката партија, Афзал Кан, кој побара премиерот да ги наведе мерките што Владата ќе ги преземе за справување со растечкиот расизам и исламофобија насочени кон муслиманите во Обединетото Кралство.

Во одговорот, Стармер истакна: „Мора да се одговори на зголемениот број на овие инциденти. Затоа го зголемуваме финансирањето за заштита на џамиите и муслиманските верски училишта низ целата земја.“

Тој повтори дека новиот фонд ќе го мониторира ширењето на омраза кон муслиманите и додаде дека неговата влада продолжува да работи на дефинирањето на овој вид дискриминација, во период кога во ноември се одбележува Месецот на подигнување на свесноста за исламофобијата (IAM).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.