Ömer Faruk Yıldız
09 Септември 2022•Ажурирај: 10 Септември 2022
ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Лиз Трас, за кралицата Елизабета Втора која почина вчера (четврток), истакна дека била една од најголемите лидери што светот некогаш ги познавал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во британскиот Парламент се одржа посебна комеморативна седница по повод смртта на кралицата.
Пратениците во Долниот дом пристигнаа во темни костуми. Седницата започна со едноминутно молчење за кралицата Елизабета.
Потоа пратениците одржаа говори во кои ја изразија својата благодарност до кралицата.
- „Смртта на Кралицата предизвика тага низ целиот свет“ -
На комеморативната седница говореше британската премиерка Лиз Трас.
Истакнувајќи дека смртта на кралицата Елизабета предизвика тага низ целиот свет, премиерката Лиз Трас рече: „Нејзиното Височество беше една од најголемите лидери што светот некогаш ги познавал. Таа беше карпа на која беше изградена модерна Велика Британија. Под нејзиното владеење беше изградена динамична нација која расте и напредува.“
Трас рече дека Велика Британија е на местото на коешто е денес благодарение на кралицата Елизабета: „Во најтешките времиња нејзините мудри зборови ни даваа сила. Таа ни даваше надеж дека повторно ќе бидеме заедно по најтешките денови на епидемијата на Ковид-19.“
- Кралот Чарлс III пристигна во Лондон -
По смртта на кралицата Елизабета, кралот Чарлс III утре и официјално ќе застане на чело на кралското семејство. Чарлс пристигна од Шкотска во Лондон каде што ќе се сретне со премиерката Трас, а подоцна ќе ѝ се обрати на нацијата.