İnci Gündağ
28 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
ЛОНДОН (АА) – Британската полиција не пронајде никаков доказ за поврзаност меѓу Адријан Расел Ajao, напаѓачот кој го изврши терористичкиот напад во Лондон, и терористичките организации ДЕАШ или Ал-Каеда, јавува Anadolu Agency (AA).
Неил Басу, национален координатор на единицата за борба против тероризмот во Велика Британија, даде изјава во врска со последните настани.
Басу во својата изјава вели дека се чиста шпекулација тврдењата оти Ajao бил радикализиран за време на неговиот престој во затвор, во 2003 година.
Басу соопшти дека нападот е комлексен, не е технолошки изведен и оти техниката на нападот е копирана од другите напади. „Во поглед на начинот на нападот врз полицијата и цивилите, случајот ги рефлектира реториките на ДЕАШ, но засега немаме некаков доказ дека Ajao имал средба со други лица во врска со нападот“.
Истакнуваќи дека наодите укажуваат на верска мотивација, Басу додаде: „Не пронајдов некаков доказ дека Ajao е поврзан со ДЕАШ или со Ал-Каеда“.
Басу исто така изјави дека Ajao во 2005 година го сменил своето име во Халид Масуд.
Лондонската полиција соопшти дека терористичкиот напад траел само 82 секунди и дека напаѓачот возел по тротоарот на мостот со брзина од 120 километри на час.
Во меѓувреме, мајката на напаѓачот, Џенет Ajao, во својата писмена изјава нагласи дека е шокирана, вознемирена и жали за тоа што го направил нејзиниот син.
„Сакам ова да го кажам отворено, за да не остане некој сомнеж. Не го оправдувам тоа што го направи мојот син. Не ги поддржувам неговите мислења што го наведоа на овој вандализам“, истакна Ajao.
- Одговорноста за нападот ја презеде ДЕАШ -
Нападот на 22 март е изведен во регионот Вестминистер, кој е центар на државната политика и место што туристите често го посетуваат. Напаѓачот управувал со изнајмено возило движејќи се по тротоарот на мостот Вестминистер, удирал во луѓето што се наоѓале на мостот, и потоа се забил во железната ограда на англискиот Парламент.
Напаѓачот потоа излегол од возилото, влегол во дворот на Парламентот и со нож уби еден полициски службеник. Безбедносните службеници кои се наоѓаа во близина, го застрелаа и го неутрализираа напаѓачот.
Според соопштеното, сторител на нападот за кој одговорност презеде терористичката организација ДЕАШ, е 52-годишниот англиски државјанин Адријан Расел Ajao.
Ajao претходно бил осуден за кривични дела како ранување, нарушување на јавниот ред и поседување оружје, но не бил обвинет за случаи поврзани со тероризам.
Британската премиерка Тереса Меј соопшти дека напаѓачот пред неколку години бил испитуван од страна на англиската разузнавачка служба поради сомнение дека е поврзан со екстремистички групи.
Во нападот животот го загубија британскиот полициски службеник Кит Палмер (48), туристот од Америка, Курт Кохран (54), Ајше Фрејд (43) и англискиот државјанин Лесли Роудс (75). Продолжува лекувањето на некои од лицата ранети во овој напад.
Во вчерашната изјава на полицијата се вели дека Ajao нападот го извршил самостојно.