свет

Британската кралица Елизабета ја помина ноќта во болница

„Следејќи го советот на докторот да се одмори неколку дена, кралицата отиде во болница на одредени прегледи во средата попладне, а во вчера се врати во дворецот Виндзор и е во добро расположение“

Hasan Esen  | 22.10.2021 - Обновена : 23.10.2021
Британската кралица Елизабета ја помина ноќта во болница

ЛОНДОН (АА) - Британската кралица Елизабета Втора ја помина ноќта во болница поради превентивни прегледи, потврди Бакингемската палата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Следејќи го советот на докторот да се одмори неколку дена, кралицата отиде во болница на одредени прегледи во средата попладне, а во вчера се врати во дворецот Виндзор и е во добро расположение“, се наведува од Бакингемската палата.

Кралицата ја поминала ноќта во болница прв пат по осум години. Последен пат тоа беше во приватна клиника во 2013 година поради желудочни и цревни тегоби.

Кралицата Елизабета Втора, според советот на докторот, ја откажала посетата на Северна Ирска на 20 октомври.

Локалните медиуми наведуваат дека одлуката на кралицата не е поврзана со коронавирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.