Hasan Esen
04 Јуни 2019•Ажурирај: 05 Јуни 2019
ЛОНДОН
Британската кралица Елизабета II и претседателот на САД, Доналд Трамп, го истакнаа значењето на заедничките вредности и интереси меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Британската кралица Елизабета II во Бакингемската палата организираше свечена вечера во чест на претседателот на САД, Доналд Трамп.
На вечерата, покрај претседателот на САД и неговата сопруга Меланија Трамп, учествуваа и четирите возрасни деца на Трамп со нивните сопрузи и сопруги.
Во своето обраќање, кралицата Елизабета II истакна „Сигурна сум дека нашите заеднички вредности и интереси ќе продолжат да нѐ обединуваат.“
Кралицата, осврнувајќи се на значењето на зацврстувањето на економските вредности меѓу двете земји, го кажа следното „Оваа вечер го славиме сојузништвото кое со десетици години помага во обезбедувањето на безбедноста и просперитетот на двете нации, за кое верувам дека ќе продолжи и во иднина.“
- „Колосална жена“
Трамп, во своето обраќање истакна „Славејќи ја заедничката победа, вредностите што нѐ поврзуваат ќе продолжат да ги држат двете нации во заедништво“, и додаде „почитувањето на слободата, независноста, самоопределувањето, владеењето на правото и правата што ги дава семожниот Господ.“
Трамп, осврнувајќи се на придонесот на кралицата Елизабета II за време на Втората светска војна, рече „Таа млада дама која тогаш била во служба на државата, идната кралица, била колосална жена.“
По говорите и интонирањето на националните химни, беа подигнати чаши.
- Вечерата беше бојкотирана
Вечерата во Бакингемската палата беше бојкотирана од страна на Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија и Џон Беркоу, претседателот на Парламентот. Освен тоа, и надвор од палатата беа организирани протести против Трамп.
Од друга страна, Трамп преку својот профил на социјалните мрежи ја сподели пораката „Посетата на Лондон минува добро. Кралицата и целото кралство семејство се прекрасни. Многу се цврсти врските со Британија.“
- Споредување на Брегзит со пранги
Во својата порака, Трамп, осврнувајќи се на процесот на излегување на Британија од Европската Унија (Брегзит) го напиша следното „Кога Британија ќе се ослободи од прангите, можен е еден голем трговски договор. Уште сега почнавме да разговараме.“
Во рамките на тридневната посета на Британија, Трамп денеска ќе се состане со премиерката Тереза Меј. Средбите меѓу претставниците на деловниот свет на САД и Британија ќе започнат со заеднички доручек, по што се очекува двајцата лидери да одржат прес-конференција.
Освен тоа, објавено е дека се очекува организирање на голем протест против Трамп на кој ќе се обрати и Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија.