свет

Брегзит: Историско гласање во Лондон

Британскиот Парламент последен пат одржа седница во сабота пред 37 години, за време на војната на Велика Британија со Аргентина за суверенитетот на Фолкландските Острови

Ekipa  | 19.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Брегзит: Историско гласање во Лондон

ЛОНДОН (АА) - Британските законодавци се собраа во Долниот дом на британскиот Парламент за да гласаат за новиот Договор за Брегзит на премиерот Борис Џонсон, јавува Anadolu Agency (AA).

Џонсон, кој ги презеде клучните преговори со претставниците на Европската Унија за Договорот за напуштање на Унијата, откако неговата претходничка Тереза Меј последователно не успеа да освои мнозинство гласови за нејзиниот договор, ќе се обиде да обезбеди ратификација на Договорот од пратениците.

На премиерот Џонсон му треба поддршка на Договорот од 320 пратеници. Сепак, бројките не изгледаат добро за премиерот, бидејќи тој се соочува со историска парламентарна седница.

Лидерот на Демократската унионистичка партија (DUP) веќе изјави дека тие нема да го поддржат Договорот.

Последен пат кога Долниот дом на Парламентот одржа седница во сабота беше пред 37 години, за време на војната на Велика Британија со Аргентина за суверенитетот на Фолкландските Острови.

Џонсон суспендира 21 пратеник од Ториевците пред неколку недели, кога гласаа за Законот што ќе ја принуди Владата да побара од ЕУ ново продолжение за Брегзит. Бидејќи тие гласаа против опцијата Брегзит без договор, не се очекува да гласаат ниту за овој нов договор.

Новиот Договор, доколку го прифати Парламентот, ќе ја остави Северна Ирска усогласена со ЕУ во царинските прописи, со цел европскиот единствен пазар да биде заштитен. Тоа е отстапувачка промена на контроверзната клаузула за ирската граница од претходниот договор, но исто така е претставена како добра опција за заштита на Договорот од Белфаст (1998) и да се избегне физичка граница на островот Ирска по Брегзит.

Новиот Договор ќе создаде регулаторна граница помеѓу Северна Ирска и остатокот од територијата на Велика Британија - состојба што партнерите на Владата на Ториевците, Унионистите на Северна Ирска категорично ја отфрлија.

Иако сите опозициски партии од Вестминстер изјавија дека ќе се спротивстават на Договорот, Џонсон тврди дека неговиот договор ќе добие доволна поддршка на гласањето.

Пред историското гласање ќе се разгледаат амандманите избрани од претседателот на британскиот Парламент, Џон Берков, а конечното гласање ќе се одржи откако ќе се изгласаат сите амандмани.

Актот на Европската Унија „Повлекување“ (Бр. 2), попознат како „Актот Бен“, бара од Џонсон да се врати во Брисел за да побара ново продолжување од Европската Унија (ЕУ).

Џонсон континуирано велеше дека Велика Британија ќе го напушти Блокот на 31 октомври со или без договор, но она што ќе се случи денеска ќе ја обликува иднината на земјата и нејзиното напуштање на Блокот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın