Sinan Doğan
14 Септември 2023•Ажурирај: 14 Септември 2023
БРАЗИЛИЈА (АА) – Најмалку 48 лица загинаа како последица на тропската бура што го погоди Бразил минатата недела, а уште 46 лица се водат како исчезнати, јавува Анадолу.
Во соопштението на Цивилната заштита на Бразил се наведува дека во свлечиштата и поплавите предизвикани од тропскиот циклон е нанесена голема штета на мостовите, патиштата и другите инфраструктурни мрежи.
Во соопштението се наведува дека како последица на невремето се повредени 924 лица, а од катастрофата биле погодени повеќе од 340.000 луѓе.
Бразилските медиуми јавуваат дека штетите биле прилично големи во 93 градови во регионот Рио Гранде до Сул.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изрази сочувство до семејствата на жртвите.
„Ќе направиме сѐ за да им помогнеме на луѓето“, рече претседателот.