Ahmet Gürhan Kartal
06 Јуни 2022•Ажурирај: 07 Јуни 2022
ЛОНДОН (АА) - Борис Џонсон вечерва ќе се соочи со гласање недоверба откако доволен број пратеници во Парламентот поднесоа барање за покренување на оваа постапка, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ториевците вечерва ќе гласаат за недоверба на британскиот премиер Борис Џонсон“, соопшти претседателот на Комитетот на Конзервативната партија 1922., Сер Греам Бредли.
Соопштението дојде по шпекулациите дека во текот на викендот е достигнат прагот од 15 отсто на пратеници кои бараат гласање за недоверба.
Бредли истакна дека гласањето за недоверба ќе се одржи вечерва меѓу 18 и 20 часот, а резултатот ќе биде објавен набргу потоа.
Доколку пратениците изгласаат недоверба за Џонсон, тој ќе мора да поднесе оставка на позицијата премиер и веднаш потоа ќе започне борбата за челник на Владата.
Џонсон беше остро критикуван со месеци наназад поради забавите одржувани во Даунинг Стрит за време на карантинот поради коронавирусот.