Halit Süleyman
23 Јули 2016•Ажурирај: 24 Јули 2016
АЛЕПО (AA) - Најмалку 10 лица загинаа, а 55 се повредени во воздушните напади на руските воени авиони и авионите на воените сили лојални на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите на подрачјата кои се под контрола на опозицијата се изведени со вакумски и барел бомби, како и со касетни бомби.
Еден од службениците на цивилната заштита на Алепо Ибрахим Ебу Лејс за АА рече дека се бомбардирани населбите Фирдевс, Дахрет ел-Авад, Катирџи, Мујесер и Кади.
Загинаа 19 цивили, а ранети се 55. Меѓу загинатите се наоѓаат жени и деца. И меѓу повредените има и лица кои се во тешка состојба.
Ебу Ахмед е ранет во Фирдевс.
„Ќе те убиеме. Секој ден не убивате. Не мисли дека ти се плашиме. Победата ќе биде наша", му порача на Башар ал-Асад.