свет

Болтон: „Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје”

„Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје кое може да го користи против САД и светот“

Ekipa  | 23.06.2019 - Обновена : 24.06.2019
Болтон: „Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје”

ЕРУСАЛИМ (АА) - Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, истакна дека нема да дозволат Иран да поседува нуклеарно оружје, пренесува Anadolu Agency (AA).

Болтон, на заедничката прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, одржана во Ерусалим, потсетувајќи на новата листа санкции наметнати врз Иран минатата ноќ, рече: „Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје кое може да го користи против САД и светот.“

Осврнувајќи се на активностите на Иран во регионот, Болтон истакна: „Никој ним не им даде лиценца за лов на Блискиот Исток.“ 

Тој, алудирајќи на вчерашната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп, рече: „Нашата армија е обновена и подготвена.“ 

Болтон ја предупреди администрацијата на Техеран, повиците на администрацијата на САД за здрав разум да не ги сфаќа како слабост. 

Израелскиот премиер Нетанјаху, критикувајќи ги оние кои се залагаа за нуклеарната програма на Иран, рече дека Техеран сака да изгради голема империја, дека шири терор во регионот и гради воени бази во Сирија. 

Иранската раволуционерна гарда минатиот четврток информираше дека во Оманскиот Залив, во близина на брегот на Кухмубарек, во иранската покраина Хормозган, со проектил земја-воздух соборила беспилотно летало на американските воздухопловни сили „RQ-4 Global Hawk“, поради „нарушување на воздушниот простор на Иран“. 

Централната команда на вооружените сили на САД (CENTCOM) се бранеше дека е соборено беспилотно летало на САД додека летало над Ормутскиот Теснец, кој претставува меѓународен воздушен простор.

По ова, по итна постапка во Белата куќа се одржал состанок за вонредни ситуации, на кој станало збор за воена одмазда кон Иран, но во последен момент, американскиот претседател Трамп се премислил од таквата идеја, соопштувајќи дека во таков случај „би загинале премногу луѓе“. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın