Emel Öz
25 Април 2022•Ажурирај: 26 Април 2022
КИЕВ (АА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Русија не успеала во однос на нејзините цели во војната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Блинкен одржа прес-конференција во Полска по вчерашната средбата со украинскиот претседател Владимир Зеленски во Киев.
Потсетувајќи дека Русија ги повлекува своите трупи од околината на Киев и од северот на Украина за да се фокусира на регионот на Источен Донбас, Блинкен рече дека Русите не успеале во однос на нивните воени цели.
„Русија не е успешна, Украина успева“, нагласи Блинкен.
Наведувајќи дека главната цел на Русија е целосно да ја потчини Украина и да ѝ го одземе суверенитетот, Блинкен додаде: „Тоа не беше успешно.“
Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин вчера се сретнаа со украинскиот претседател Зеленски во Киев.
Зеленски нагласи дека со Блинкен и Остин разговарале за прашањата за помош на Украина и зајакнување на санкциите против Русија.