свет

Бин Селман и Раб разговараа за напорите за стабилност на Блискиот Исток

Саудискиот престолонаследник се состана со британскиот министер за надворешни работи, во градот Неом во северозападниот дел на Саудиска Арабија

Hacer Başer  | 07.06.2021 - Обновена : 08.06.2021
Бин Селман и Раб разговараа за напорите за стабилност на Блискиот Исток

РИЈАД (АА) - Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мухамед бин Селман, разговараше со британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, за напорите за стабилност и безбедност на Блискиот Исток, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според наводите на саудиската државна новинска агенција СПА, Бин Селман се состана со британскиот министер за надворешни работи, Раб, во градот Неом во северозападниот дел на Саудиска Арабија.

Двајцата официјални претставници разговараа за случувањата на Блискиот Исток и напорите вложени заради стабилноста и безбедноста во регионот.

Исто така, разговарано е за односите меѓу Саудиска Арабија и Велика Британија и заедничката соработка на различни полиња.

На состанокот присуствуваше и Фејсал бин Фархан ал Сауд, министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија.

Во настојувањето да ги продлабочи своите односи со земјите на Заливот по Брегзит, Велика Британија во февруари го именуваше Едвард Листер за специјален претставник за Заливот.

Велика Британија е позната како една од важните држави кои имаат свои воени односи и значајни инвестиции со земјите од Заливот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.