Muhammed Semiz
26 Мај 2021•Ажурирај: 27 Мај 2021
ГАЗА
Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа, што завршија минатата недела по прекинот на огнот договорен меѓу Израел и Хамас, се искачи на 254, меѓу кои има 66 деца и 39 жени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека починал уште еден Палестинец повреден во 11-дневните напади на Израел.
Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската група на отпорот Хамас стапи на сила рано утрото минатиот петок.
Примирјето со посредство на Египет се склучи по 11-дневните израелски воздушни напади врз блокираниот Појас Газа.
Во воздушните напади низ Газа од 10 мај, израелската Војска зад себе остави огромна трага на деструкција.